„Греми“ ги менува правилата: Се зголемува бројот на номинираните музичари

САД – На почетокот се чинеше како огромен триумф кога годинешните награди „Греми“објавија најразновидна номинирана постава во историјата на церемонијата на доделувањето на овие награди. Но вистинската постава на победниците – како и нејзините главно хомогени перформанси – разочара многумина бидејќи немаа повеќе направено да ги оддалечат наградите од нивните вградени параметри од минатите децении.

Организацијата „Рекординг академи“, која е под раководство на „Греми“, објави збир на промени во правилата со цел да се отвори полето за „играње“. Главно, бројот на номинации во четирите најдобри категории – плоча на годината, албум на годината, песна на годината и најдобри нови изведувачи – ќе скокне од пет на осум, што ќе им овозможи на гласачите поголема флексибилност при изборот на најдобри музички достигнувања во текот на годината. Измените ќе бидат поставени за 61. годишна церемонија на наградите „Греми“следната година.

„Бидејќи наградите ‘Греми’ рефлектираат што се случува во секогаш различниот пејзаж на музиката, „Рекординг академи“ работи напорно за да се осигураме дека нашиот процес на награди постојано се развива за да ги задоволи потребите на музичката заедница“, пишува „Рекординг Академи“ во имејлот до своето членство од повеќе од 20.000 уметници, продуценти, текстописци, уметнички директори, инженери и други индустриски кадри кои одлучуваат за добитниците на наградите. Не се осврна на тоа дали зголемувањето на номинираните музичари во четирите најголеми категории ќе дојде со промени во актуелниот процес на гласање – таен систем кој вклучува групи експерти и специјални комисии – или селекција на листата на перформанси.

Другите ажурирања на правилата за наградите вклучуваат додавање на музички надгледувачи на номинираните групи во категоријата најдобра компилација со филмска музика, воведување комисија за разгледување на номинации за „Светското музичко поле“, проширување на критериумите за најдобар алтернативен музички албум (во која сега може да биде каква било „музика која ги опфаќа атрибутите на прогресивност и иновативност и во музиката и во ставовите поврзани со неа“, исто така опишана како „често поинтензивна верзија на рок или поинтензивна верзија на поп“) и мали измени на критериумите на неколку други категории.

61.церемонија на наградите „Греми“ следната година, исто така, ќе биде последното шоу на кое претседава претседателот на музичката академија Нил Портноу. Портноу поттикна контроверзии на овогодинешните награди „Греми“, кога рече дека жените во музиката треба да се „засилат“ доколку сакаат подобро репрезентација, иако подоцна се извинил за тоа што не бил „доволно речовит како што требало да биде“. Тој минатиот месец објави дека следното лето ќе даде оставка од неговата улога на крајот на неговиот сегашен мандат, со тоа што „Греми“ ќе добие нов лидер.