Град Скопје демантира дека 50-ка не оди повеќе во ГТЦ


Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени  вчера  дека кратко по враќањето на 50 во ГТЦ, оваа постојка повторно е затворена, со оценка дека се  манипулира јавноста.

„Ве информираме дека пренасочувањето на движењето на автобусот со број 50 е привремено заради изведување градежни работи, односно се врши реконструкција на улицата којашто минува под ГТЦ. По завршувањето на оваа реконструкција автобусите повторно ќе застануваат  на автобуската постојка во подрумот на ГТЦ. Воедно, сакаме да ве потсетиме  дека за повторното отворање на оваа постојка не беа потрошени финансиски средства на Град Скопје.

Во тој контекст сакаме да ја информираме јавноста дека  медиумите не треба да  ги доведуваат во заблуда корисниците на ЈСП изнесувајќи полувистини и претставувајќи ги  привремените сообраќајни режими  како постојани„, стои во реакцијата.