Градоначалникот на Радовиш ќе чести фигара за коса за 8 Март

Општина Радовиш по повод 8 Март ќе чести фигара за коса. За таа цел, вчера распиша оглас за набавка на 45 фигара, со проценета вредност од нецели 700 евра. Во техничката спецфикација е наведено дека фигарата треба да имаат 2 години гаранција, керамичка заштита, јонизатор…

Градоначалникот Герасим Конзулов вчера не беше достапен да нѝ појасни на кого ќе ги дели фигарата. Од Општината нѐ информираа дека тој е на седница на Совет. Една службеничка кусо ни одговори дека фигарата биле наменети за жените вработени во Општината и за членките на Советот.

Инаку, ова не е прва Општина која одлучи да троши пари за осмомартовски подароци. Неодамна, од Македонска Каменица преку оглас бараа да купат 1.000 парчиња црвен каранфил и 23 парчиња женски фротирни бањарки со капа и колан. (Д.Т.Д.)