Го сменија од Бирото за безбедност, го ставија началник

Довчерашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски експресно доби нова функција. Поставен е за началник на Одделот за борба со организиран криминал во МВР. Министерот Оливер Спасовски смета дека ова е правилна одлука, бидејќи станувало збор за професионалец од редовите на полицијата.
„И кога побарав да биде разрешен истакнав дека човекот е од полицијата. Несомнено има потенцијал, стручен и компетентен, кој треба да се искористи“, вели Спасовски.
Претходно и премиерот Зоран Заев најави дека Велковски мора да остане во полицијата, поради неговите способности. Сменет беше поради скандалот со полицискиот џип, кој ја однесе ќерка му и другарките на летување. На негово место беше поставен Сашо Тасевски, кој му го спаси животот на Заев во ланските инциденти во Собранието.