Гонзалес и пет ракометари на Вардар во конкуренција за ол-стар тимот во ЛШ

Тренерот Раул Гонзалес и уште петмина ракометари на Вардар се номинирани за ол-стар тимот во Лигата на шампионите во избор на ЕХФ.

Бидејќи се гласа по позиции номинирани се Вуко Борозан како лев бек, Лука Циндриќ како среден бек, Тимур Дибиров како лево крило, Илија Абутовиќ како најдобар дефанзивец и Арпад Штербик како голман.

Гонзалес е во конкуренцијата на тренери.

Меѓу предложените за избор на најдобар млад играч е бекот на Металург, Халил Јагањац.

ЕХФ сезонава номинираше играчи и тренери од 16 клубови, а гласањето ќе трае до 22 мај.