Голем пожар во близина на Атина, граѓани ги напуштаат домовите

Голем пожар беснее во западниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина. Огнената стихија се уште не е ставена под контрола, а граѓани од околината, превентивно, ги напуштаат нивните домови. Чадот ја покри речиси целата грчка престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за шумски пожар кој се проширил кон населеното место, додека пак временските услови, односно ветрот дополнително го отежнува гаснењето на пожарот.

Противпожарната служба на Грција објави дека на терен се 70 пожарникари со 30 возила, два хеликоптера и пет авиони.

Според грчката телевизија Скај, најмалку две куќи претрпеле помала материјална штета од пожарот.

Дописничката на МИА јави дека чадот од пожарот, поради ветерот се прошири речиси низ цела Атина, а го покри небото дури и во населбите што се на над 50 километри оддалеченост од огнената стихија