Голем концерт на Влатко Лозаноски

По повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски, да има свој голем концерт во Скопје.
Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23 март во ВИП-арената, со почеток од 20:30 часот.
Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, информира „Авалон продукција“.
– Ние сметаме дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман – коментираат од продукцијата.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда наутро, на 13 февруари во 9 часот преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk.
Билетите почнуваат од 500 денари за партер, 800 денари за фан-пит, 700 денари за трибини, 800 денари за сребрени седишта, 900 денари за златни седишта, додека пак ВИП-билетите ќе чинат 1.000 денари.
„Сонце не ме грее“, „Ова лето ќе се памти“, „Јако јако“, „Мандарина“, „Километри“ и уште многу други песни кои ја одбележаа кариерата на Лозано ќе прозвучат во живо во Скопје.