Глобалната поетска акција за свет без зидови и во Скопје

Во светот (од Америка преку Европа, Среден Исток до Индија…) се издигнуваат нови ѕидови кои ги разделуваат луѓето. Бетонски ѕидови, ѕидови од бодликави жици, или невидливи многу високи ѕидови изградени за секаква нерамноправност. Поезијата ги урива ѕидовите, ѕидовите меѓу нас и ѕидовите внатре во нас.
Во рамки на глобалната поетска акција во организација на Светското поетско движење за свет без ѕидови во февруари во повеќе од 130 земји низ светот се одржуваат поетски читања и настани сплотени со танц, музика, филм и театар.Македонија е учесник во ова движење. Така, во Скопје во кафе галеријата Котур на 7 февруари од 20.30 часот ќе се одржи поетско читање и авторски портрети на кое ќе учествуваат Катица Ќулавкова,Долорес Атанасова-Лори,Ѓоко Здравески, Јулијана Величковска. Јосип Коцев, Исток Ј. Улчар, Андреј Ал-Асади и Наташа Сарџоска (модератор).

После поетското читање, ќе следи проекција на документарниот филм за полскиот поет Адам Загајевски во режија на Диме Ратајковски и куса дискусија со Мите Стефоски. Влезот е бесплатен.