Гласаат болните и инвалидизирани лица и осудениците во Затвор-Штип

Во Штип денеска гласаат вкупно 29 болни и инвалидизирани лица.

Според заменик-претседателот на избирачкото место во Затвор-Штип, Влатко Конев, до 11 часот 42 отсто од осудентите лица го искористиле своето право на глас на референдумот.

– Гласачкото место е отворено во 7 часот, гласањето се одвива според препораките на ДИК и немаме никакви проблеми. Со право на глас се вкупно 206 лица, рече Конев.

Претседателката на ОИК-Штип Сенка Андреева информирашр дека избирачките одбори од утринава почнаа и со подготовките, односно ги уредиле и избирачките места со добиениот избирачки материјал, за утре во 7 часот да бидат и отворени.

Во Штип со право на глас се вкупно 41.854 гласачи, а во 11-те општини во источниот регион право на глас имаат вкупно 152.438 избирачи.