Гламурозен моден настан: Кејт Мидлтон во Бакингемската палата се сретна со Ана Винтур

Англија- Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (36) синоќа, во рамките на Модната недела во Лондон приреди гламурозен моден настан во Бакингемската палата со ѕвезди од модата.

На настанот „Commonwealth Fashion Exchange reception“  присуствуваше и уредниќката на американскиот „Вог“ Ана Винтур.

Кејт за оваа пригода облече црно-бел фустан со тантела од брендот „Ердем“. Во 7-миот месец од бременоста Војвотката од Кембриџ едноставно блескаше.

Помеѓу видните гости беа дизајнерката Стела Мекартни и моделот Наоми Кемпбел. На Мидлтон и се придружија Софи, грофицата од Весекс, Ливиа Фирт, уредничката на британскиот „Вог“. Креатори од 52 земји дизајнираа креации кои беа изложени на настанот.