Гизела непрепознатлива за италијанскиот „Вог“

Италија- До лани, најплатената манекенка во светот Гизела Бундшен (38) е непрепознатлива во октомвриското издание на италијанскиот „Вог“. Нашминкана во стилот на италијанската пејачка Мина и со накит и гардероба на „Диор“ , топ-манекенката е презадоволна од трансформацијата.

-Кога сте манекенка, секогаш играте различни улоги, а и се чувствувате како поинаква линост, вели за снимањето Бразилката Гизела.

-Сакавме да го прославиме влијанието на Мина врз модата и стилот и успеавме ангажирајќи ја Гизела, вели главниот уредник на италијанскиот „Вог“ Емануеле Фaрнети.