Германската полиција спровела рација во џамија во Берлин

Германската полиција денеска спроведе рација во џамија во Берлин, затоа што имамот на џамијата е осомничен за префрлување пари на исламски борци во Сирија со цел „извршување терористички напади“.

Полицијата ја пребарала џамијата Ел Сахаб во северниот дел на Берлин, Вединг, каде проповедал Ахмад А. (45), познат како Абул Бара, соопшти канцеларијата на локалното обвинителство.

Други детали не се соопштени, а нема ниту реакција од официјални претставници на џамијата.