Германија ќе им исплати компензација на жртвите од Холокаустот

Германија – Германија ќе им исплати еднократна компензација на Евреите, кои како деца го преживеале Холокаустот, соопшти њујоршката организација која го води процесот за компензација.

Како што е наведено во соопштението, Германија ќе им исплати на жртвите по 2.500 евра.

Се претпоставува дека има околу илјада Евреи кои како деца го преживеале Холокаустот и се се уште живи.

Фото: Б. Грданоски