Германија ја зголемува минималната плата

Германија ќе ја зголеми минималната плата следната година на 9,19 евра за час. Потоа, во 2020 година, минимумот ќе биде 9,35 евра по час, ова е планот на комисијата назначена од владата во Берлин.

Ова ќе го отвори патот за зголемување на личната потрошувачка во најголемата европска економија. Владата на канцеларката Ангела Меркел воведе минимална заработка од 8,50 евра на час во 2015 година, што опфаќа повеќе од три милиони работници.

Последен пат нејзиниот износ беше зголемен минатата година, исто така по препорака на комисијата, со сегашните 8,84 евра за еден час.

Се очекува Владата да ја прифати препораката на стручната комисија. Планирано е да се ангажираат и дополнителни инспектори кои ќе проверат дали компаниите ја почитуваат минималната плата.