Германија без нови долгови во следните четири години


Германија нема да влегува во нови задолжувања во следните четири години, изјави денеска министерот за финансии, социјалдемократот Олаф Шолц.

Тој порача дека ќе ја продолжи строгата фискална политика која ја воведе неговиот конзервативен претходник Волфганг Шојбле.

– Една работа која ни е сигурно потребна за да овозможиме економијата да остане на добар пат е всушност силна фискална политика и затоа наша цел е да нема ново задолжување, истакна Шолц во германскиот Парламент.