Гвинет Палтроу се сврши за продуцентот Бред Фалчак

САД – Актерката Гвинет Палтроу ја објави својата свршувачка за американскиот телевизиски продуцент Бред Фалчак, велејќи дека решила да му даде на бракот втора шанса по прифаќањето на можностите на интимата која може да ти ја прошири душата и да ти ги промени навиките.
45-годишната Палтроу, која јавно ја опиша разделбата од нејзиниот сопруг Крис Мартин во 2014, кој е воедно е и фронтмен на Колдплеј, како „свесна разделба“, ја потврди свршувачката во интервју за последното издание на нејзиното списание „Гуп“.
„Се обидов да прифатам колку комплексна може да биде романтичната љубов. Решив да му дадам на бракот нова шанса, но не само затоа што го најдов мажот со кого ми е судено да бидам, но бидејќи ги прифатив можностите за профирување на душата и промена на навиките кои ги нуди интимата,“ вели таа.
Палтроу и 46-годишниот Фалчак, се двојка веќе две години. Фалчак заедно со Рајан Марфи беше копродуцент на тв-серијата „Гли“ која беше популарна во 2009 година. Тие исто така работеа заедно на тв-сериите „Американска хорор приказна“ и „Врескачки кралици“.
Палтроу доби Оскар за најдобра женска улога во 199 година за улогата во „Вљубен Шекспир“, но сега е позната како основач на „Гуп“, лајфстајл вебсајт и продавница со производи, која промовира здрава исхрана и живот без стрес.
Таа и Крис Мартин го финализираа разводот во 2016 година, по 13 години брак. Тие имаат две деца заедно.
Палтроу и Фалчак позираа за насловната страница на списанието, каде тој ја прегрнува. Фалчак исто така одговори на прашањето „Колку си Гуп?“ квиз на видео на goop.com.