„ Гардијан“: Дури 94 проценти од жените во Холивуд биле сексуално злоставувани!?

САД- Неверојатни 94 проценти од жените вработени во американската филмска индустрија доживеале сексуално вознемирување или напад покажа едно истражување, пренесува „Гардијан“.

Во анкетата учествувале 850 жени вработени во разни гранки на филмската индустрија  , вклучувајќи и актерки и режисерки. Поголемиот број од нив доживеале сексуално

злоставување. Вознемирувањето се движело од сексуален коментар, како и фактот што често пати биле принудувани да се разголат на аудицијата , без претходно да бидат предупредени на тоа. Но, ваквите злоставувања не биле пријавувани, една од пет жени пријавила ваков илисличен инцидент.-