„Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ стигнуваат во Македонија по пристапна цена

Новите модели на паметни телефони на Самсунг, „Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ се веќе претставени и доаѓаат со подобрена камера, високи преформанси, воодушевувачки дизајн и пристапни цени.

Во Македонија, потрошувачите ќе може да го одберат својот „Галакси Ј4+“ модел од почетокот на октомври во една од трите модерни бои – црна, златна и розева, по препорачана продажна цена од 9.699 денари.

Според маркетинг директорот на Самсунг електроникс за Јадранскиот регион, Милан Вујовиќ новите „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ овозможуваат неверојатен стил и технологија со високо-конкурентни цени.

– Одликувајќи се со неверојатен дизајн и екран, подобрена камера и можности за високи перформанси, двата уреда им овозможуваат на корисниците максимално користење на нивните Галакси Ј паметни телефони.“ – Вујовиќ.

„Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ се карактеризираат со задна страна која наликува на стакло и додава целосно нова димензија на дизајнот на „Галакси Ј“ серијата. Со своите ергономски заоблувања кои допринесуваат за неверојатен изглед и доживување, како и елегантниот профил, „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ гарантираат удобност при користењето и ракувањето со нив.

Тесните рамки, поголемиот екран и подобрениот HD+ „бесконечен“ екран од 6.0 инчи, карактеристичен за премиум „Галакси“ паметните телефони, овозможуваат извонредно искуство при играњето игри и следењето мултимедијални содржини како и преглед на две апликации истовремено преку функцијата „Поделен Екран“.

Имаат и функција за отклучување преку препознавање на лицето, додека „Галакси Ј6+“ дополнително поседува и скенер за отпечатоци поставен странично на уредот, додавајќи дополнително ниво на безбедност и практичност без нарушување на дизајнот на телефонот.

Подобрена камера за уште подобро корисничко искуство

Двата нови „Галакси Ј“ модели пристигнуваат со дополнителни подобрувања во однос на камерата. Со двојна камера од 13MP и 5MP, „Галакси Ј6+“ овозможува креирање на фотографии со природен „бокех“ ефект, а со функцијата „Live Focus“, длабочината на полето може да се прилагоди пред и по фотографирањето овозможувајќи перфектно зачувување на миговите.

Двата уреди вклучуваат голем F1.9 објектив со бленда (13MP) која пропушта повеќе светлина, правејќи ги „Галакси Ј6+“ и „Ј4+“ совршена алатка за креирање на јасни и светли фотографии дури и во услови на ниска осветленост. Дополнително, креирањето одлични фотографии само со една рака е уште полесно со помош на копчето за фотографирање кое лебди.

Врвен перформанс

Покрај својот премиум дизајн, „Галакси Ј6+“ и „Галакси Ј4+“ нудат извонредни перформанси и аудио квалитет, батерија и меморија.

Двата уреди имаат интегрирана „Dolby Atmos“ технологија за репродукција на звукот која овозможува врвно искуство при гледањето содржини, а со батериите од 3.300mAh, 10% појаки батерии во споредба со оние на претходните „Галакси Ј“ модели, „Галакси J6+“ и „J4+“ се дизајнирани да одговараат на животното темпо на корисниците.

Уредите исто така имаат и режим за заштеда на батерија кој го продолжува животот на батеријата кога е најпотребна. Покрај тоа, моќниот четири-јадрен процесор од 1,4GHz допринесува за извршување понапредни задачи преку уредите, како гледање видеа со висока резолуција, без преголемо трошење на батеријата.

„Галакси J6+“ има 3GB RAM меморија и е достапен со меморија – од 32GB, додека „Галакси J4+“ има 2GB RAM и е достапен со меморија од 16GB. Двата уреда исто така имаат капацитет за меморија до 512GB со микроСД картичка (microSD™), овозможувајќи им на корисниците вистински перформанси и флексибилност.