Газдата на Зара и Масимо Дути е најбогат во модниот бизнис

САД- Тешки времиња настапија за модната индустрија во оваа 2017 година.Во денови кога Aрмани ги намали модните линии на 3, а името како Ланвин се прашува како да се задржи на површината, изданието за мода Fashion United направи листа наа најбогатите луѓе во модниот бизнис.

Сопственикот на Inditex Аманија Ортега Гано е на врвот позиција. Сопственикот на еден од најпопуларните модни брендови Зара, Бершка и Масимо Дути има богатство од 71 милијарда долари, пишува Ел. Освен дека е најбогатиот моден магнат во моментов, Ортега влегува и во рангирањето на Forbs за најбогатите луѓе на планетата.

По Амансио, во првата петорка спаѓаат имињата на претседателот на LVMH Бернар Арно, кој поседува 41,5 милијарди долари, следени од семејство Бренникмајер (сопственици на германската синџир C & A), шефот на Hermès Бертран Пјуеш, како и основачот на Nike Фил Најт.

Надолу во листата се и имињата на Ален Вертхајмер – сопственик на францускиот моден гигант Chanel, главниот акционер на H & M Стефан Персон и креаторот на Uniqlo – Тадаши Јанаи.