Вучиќ ја напуштил зградата, демонстрантите се селат пред полиција

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја напушти зградата на Претседателството денеска по 16 часот, јави Танјуг.

-Претседателот ја напушти зградата со службено возило, јави агенцијата.

Нема потврда за таа информација од независни српски медиуми.

Во исто време пред зградата на Претседателството во тек е протест.

Голем број од демонстрантите се упатија пред полициска станица во Белград каде бараат ослободување на приведени поради синоќешниот упад во зградата на РТС.

Лидери на Сојузот за Србија соопштија дека тие прифаќаат одговорност. Дел од белградски медиуми јавија дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ се наоѓа во дворот на полициската станица каде се и демонстрантите.

Лидерот на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас напиша на Твитер дека се упатил кон полициската станица 29 Ноември за да го уапсат заедно со Обрадовиќ, Лутовац и Зеленовиќ.

– Сите ние кои синоќа бевме во РТС преземаме одговорност што баравме од РТС да почне со вистина да информира, наведе Ѓилас.