Вучиќ: Србите не би го признале Косово за членство во ЕУ

Тешко дека Србите би го признале независно Косово во замена за членство во ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека само компромис може да ја изведе српската покраина од состојбата „замрзнат конфликт“, јави Танјуг пренесувајќи делови од интервју на Вучиќ за Ројтерс.

Тој вели за какво било решение или одлука мора да се изјаснат граѓаните на Србија.

– Народот ќе одлучи.Ако мислите дека тоа може да добие мозинство јас не сум толку сигурен, изјави Вучиќ.

– Мораме да ја согледаме реалноста и да ги разберме односите во светот и односите во Косово и да разбереме дека Косово не е наше како што ние мислиме, но не е и нивно како што тоа се обидуваат да го прикажат, нагласува тој.

Тој вели дека Албанците го сметаат Косово за своја територија исто како и Србите.

– Потребен ни е компромис за каков било договор. Не можете да имате една страна што добива се, додека другата нема ништо. Едната страна не може да биде задоволна, а другата незадоволна, бидејќи тоа нема да води до решение. Тоа е можно само ако двете страни се задоволни барем делумно.

Според него, ако во Приштина одбијат компормисни решенија тоа нема да биде преголема трагедија „освен лоши вести за српската заедница“.

– Така ќе имаме замрзнат судир повеќе децении кој во еден момент за 20 или 30 години за жал ќе биде одмрзнат. Поради тоа толку инсистирам на мир, стабилност, на преговори и решение, бидејќи таквата состојба не смееме да ја оставаме на нашите деца и внуци.

Тој инсистира дека договорот е можен, но вели дека тоа бара „политичка волја во Брисел за компромис наместо да се продолжува врз притисок врз Србија.