Вучиќ се среќава со Путин во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ, при што, меѓу останатото, ќе разговараат за развојот на економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија.

Вучиќ посочи дека на состанокот ќе бидат потпишани договор за гас, како и дека ќе се разговара за воено-теничката соработка, за Косово, односите во регионот, ситуацијата со Каталонија и за „се она што се случува во Европа и светот“.

Кремљ соопшти дека двајцата претседатели ќе разговарат за понатамошното унпаредување на стратешкото партнерство и за соработката во политичката, економската и хуманитарната сфера.