Вучиќ: Подготвени сме да распишеме избори, кога и да посака опозицијата
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Врање им порача на своите политички противници дека е подготвен да ги распише изборите „секогаш кога тие ќе помислат дека времето на тајкуните и мизеријата се вратиле“, како и дека на политичките напади од Приштина им се придружуваат и „нападите од регионот“.
Тој исто така порача дека со воведувањето на новите мерки на Приштина, паѓаат во вода сите лаги на косовските политичари.
– Не постои таква сила во светот и таков човек во светот, кој ќе ме натера да зборувам за што било, додека не се повлечат таксите, дури и самиот Трамп да ме повика лично, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека „секој пат кога ќе кажат дека сме блиску до некое решение, а знам дека зборуваат глупости затоа што преговарам со нив, знам дека ќе превземат некоја офанзивна мерка“.
– Поентата е во тоа што Тачи треба да ја одоброволи меѓународната заедница. Тој кажува дека сме на добар пат да постигнеме договор, а ден потоа Приштина носи некоја нова мерки. Сега падаа во вода сите нивни лаги, што ги изнесуваат за западниот свет. Се чини дека лагите беа насочени кон нив. Тие зборуваа за мир, дијалог, дека нема да има понатамошни мерки против Србите, дека нема да ги зголемат мерките, потсети Вучиќ.
Тој истакна дека Тачи и Харадинај сé прават координирано – еден патува низ светот и вели дека не се согласува со таксите, а ден потоа неговите луѓе гласаат за воведување такси.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека непостојат причини за страв од албанската приказна дека ќе „стигнат до Врање и Ниш“.
Тој ги негираше тврдењата на портпаролите на КФОР дека специјалните единици на косовската полиција имаат право да влезат во северниот дел на Косово.