Втор човек се излечи од ХИВ – вирусот по третман со матични ќелии

По трансплантација на матични клетки кај еден британски пациент, кој се лечел од ХИВ, тој вирус не е детектиран и тој повеќе не зема лекови, објавено е во медицинскиот магазин „Nature”.
Во прашање е пациент од Лондон кај кого во 2003 година е дијагностициран ХИВ, јави BBC.
Девет години подоцна откриено е дека боледува од Хоџкинов лимфом. меѓутоа, истражувачите велат дека е рано да се каже дека пациентот е излечен од ХИВ.
Стручњаците велат дека овој пристап во лекувањето не е практичен за многумина кои боледуваат од ХИВ, но дека може да помогне да се најде лек.
Пациентот од Лондон е веќе 18 месеци е ремисија. Матичните ќелии ги добил од донор отпорен на ХИВ, што доведе до ремисија на вирусот и лимфомот.
Ова е втор пациент, лечен на ваков начин, кој заврши во ремисија. Пред 10 години во Берлин на еден пациент му е трансплантирана коскена срж од донор со природен имунитет на вирусот.