Врховен суд на Индија: Да се реновира или да се урне Таџ Махал

Индија – Врховниот суд на Индија и нареди на индиската држава Утар Прадеш да го затвори и да го урне или обнови мавзолејот на Таџ Махал, објави „Економист“. Во написот се наведува дека восхитувачкиот мавзолеј од мермер во градот Агра, на северот од Индија, се бори со современите непријатели: токсичен воздух и нечиста вода.

Екстериерот на мавзолејот од 17-тиот век, кој беше изграден по наредба на Шах Џахан за неговата сакана сопруга Арџуманд Бано Негум, попозната како Мумтаз Махал, некогаш беше со чисто бела. Сега, тоа е сменето – ѕидовите на Таџ Махал се делумно, ако не и целосно, во различни

нијанси на жолта, кафено- црна и зелена боја.

Првите знаци дека нешто не е во ред се појавија во 1938 година, кога индиската влада формираше комитет за решавање на проблемот со постепено темнење на споменикот. Според Светската здравствена организација, Агра е на осмото место на листата најзагадени градови во светот.