Врховен одлучи: Основниот суд Велес останува надлежен за стечајната постапка за ФЕНИ

Основниот суд Велес останува надлежен за водење на стечајната постапка на „ФЕНИ индустри“ АД Кавадарци.

Ваквата одлука вчера ја донесе Врховниот суд на Република Македонија откако го одби како неоснован предлогот на „ФЕНИ индустри“ за определување друг месно надлежен суд за водење стечајна постапка.

Судот во Велес на крајот на октомври поведе претходна постапка за испитување на условите дали ќе се отвори стечајна постапка за „ФЕНИ Ииндустри“ откако претходно три банки – „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ и „Силк роад“, на кои компанијата им должи 40 милиони евра поднесоа барање за поведување стечајна постапка. За времен стечаен управник е назначен Мирослав Атанасиевски од Гостивар, а првото рочиште беше закажано за 13 ноември во Основен суд Велес.

На првото рочиште беше прекината стечајната постапка за кавадаречкиот комбинат по барање на бугарската компанија „Енекод“ која го превзема „ФЕНИ“, и побара од Врховниот суд да го одземе Основниот суд Велес, па целата постапка за стечај беше вратена на почеток