Временска прогноза: Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска во утринските часови ќе биде малку до умерено облачно, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста.

Во попладневните часови ќе биде променливо облачно, наместа ќе има нестабилна облачност, со пороен дожд, грмежи, како и засилен ветер.

Особено нестабилно се очекува да биде во централните, источните како и во западните делови на земјава, каде е можна и појава на град.

Ќе дува умерен југоисточен ветер. УВ иднексот ќе изнесува шест.

Утринските температури ќе се движат од седум до 15, а дневните од 22 до 27 степени.

Во Скопје попладне ќе има слаб развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Следните денови во во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме. Помалку услови за нестабилност се очекува да има во вторник, а поизразена в четврток и в петок.