Вработувања на неопределено време во основните и средните училишта

Владата на вечерашната седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта.

– Владата на седницата ја прифати информацијата за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование, за работни места за кои може да се оствари полно работно време, се наведува во соопштението на владината прес-служба.