Во Шпанија: Реал ги дава Иско, Ковачиќ и 80 милиони евра за Азар

Шпанската радиостаница „Онда Черо“ соопшти дека Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, ќе ги понуди Иско, Матео Ковачиќ и 80 милиони евра за да го привлече Еден Азар од Челзи.

Репрезентативецот на Белгија е голема желба на шефот на Реал Мадрид, а Азар не еднаш рекол дека би сакал да заигра за „кралскиот“ клуб.

Сепак, работите не се толку едноставни. Челзи неколку пати ја одби понудата на Реал, а на халфот му нудат и нов договор. Белгиецот одлично се чуствува во Лондон и ќе видиме дали новата понуда ќе ги натера лидерите на Челзи да го продадат.

Во Лондон би сакале да го задржат Азар и да го откупат договорот на Ковачиќ. Хрватскиот репрезентативец пристигна на заем од Челзи оваа сезона и добива многу повеќе можности таму, а и покажува подобри перформанси отколку во Реал.