Во Шведска уапсен руски шпион

Шведската полиција соопшти дека осомничениот руски шпион бил уапсен во Стокхолм. Апсењето се случи во вторникот вечерта и се претпоставува дека осомничениот бил вклучен во криминални активности од 2017 година.

Шведската полиција не го соопшти името или полот на уапсеното лице.

„Ова е лице е осомничено дека било регрутирано од страна на руски разузнавач кој работел како дипломат во Шведска“, рече Даниел Стенлинг, шеф на контраразузнавачката служба во шведската тајна полиција.

Уапсеното лице работи во шведската индустрија за висока технологија и има информации кои се од значење за странските разузнавачки агенции, објави Ројтерс.

Руската разузнавачка служба СВР одби да го коментира случајот, објави агенцијата РИА.