Во три сообраќајки повредени повеќемина

Во три одделни сообраќајни незгоди, во текот на вчерашниот ден, повредени се возачи и сопатници.
Во 11 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Џон Кенеди“ и улицата “Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “Мерцедес актрос“ со скопски регистарски таблици управувано од И.К.(44) од с.Петровец-скопско и патничко моторно возило “Пежо 307“ со скопски регистерски таблици управувано од У.С.(36) од Кичево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот У.С., а сопатничката од истото возило Ш.Ј.(33) од Кичево се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.
Истиот ден, во 14,30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од регионалниот пат М.Мост-с.Мислодежда и локалниот пат за с.Ливада, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистерски таблици, управувано од Н.В.(56) од с.Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “Мерцедес“ со охридски регистерски таблици, управувано од Л.С.(80) од с.Ливада-струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Л.С., констатирани од страна на лекар од болницата „Свети Еразмо“-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
Во 19,30 часот, пак, на раскрсницата од булеварот “Јане Сандански“ и улицата “Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Поло“ сопственост на МВР, а управувано од М.Г.(28) и патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(37) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.