Во Стојаково запленети 6.5 килограми марихуана

При претрес во куќата и помошните простории на М.К. (48) од село Стојаково, извршен вчера во периодот од 15.00 до 16.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија пронашле и одзеле 6,5 килограми марихуана.

Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени 13 најлонски паковки со марихуана со вкупна тежина од околу 6,5 килограми и повеќе мобилни телефони, што биле одземени и дадени на вештачење.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.