Во сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани повредени четири лица

Тешка сообраќајна несреќа се случи на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на карбинското село Крупиште.

Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во несреќата во која учествувале две возила четири лица се повредени, кои се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Интервенирале и пожарникарите, кои морале да сечат некое од возилата, за да се извадат патниците.

Таа истакна дека несреќата се случила меѓу два автомобили во разминување, а во тек е и увидот од страна на истражните органи.

Сообраќајот на патот Штип-Кочани е во прекин, а возилата се пренасочуваат по алтернативниот пат кој поминува низ селата Аргулица, Борилчево и Уларци.