Во сообраќајка која се случи попладнево едно лице загина, а друго е повредено

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка која се случила попладнево, во 17:20 часот, на обиколницата околу Скопје, пред клучката Радишани.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко моторно возило „Рено Меган“ со скопски регистерски таблици, управувано од В. Ѓ. (54) од Скопје и патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици.

Возачот на возилото „Југо“ починал на местото, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.