Во Скопската зоолошка градина се роди мајмунче

Во Скопската зоолошка градина се роди мајмунче од видот белорак гибон, соопштија на официјалната Фб страница.

Мајката на мајмунчето се вика Бетка, а мајмунчето се уште нема крзно.

„Белоракиот гибон е ендемски вид, а бебињата се раѓаат без или со многу малку крзно. Бебето гибон во првите месеци потсетува на вонземјанче, а во прегратките на мајката може да седи и до деветмесечена возраст“, сподели Тина Мицевска, портпаролка на ЗОО во Скопје.

Зоолошката градина е основана во 1926 година ,а во својата колекција располага со 495 животни од 96 видови (цицаци, птици и влекачи). Отворена е секој работен ден, од 9-18 часот.