Во светот има 70,9 милиони невработени млади луѓе

Се проценува дека во светот има 70,9 милиони млади без работа, што е повеќе од 35 проценти од вкупниот број невработени во светот во 2017 година, стои во извештајот на Меѓународната организација за трудот (ИЛО), „Глобални трендови на вработување на младите 2017“.

– Иако глобалната стапка на невработеност кај младите се стабилизирала на 13 отсто во 2016 година, се очекува оваа година благо да порасне на 13,1 отсто, стои во извештајот