Во Русија се урна авион за обука, пилотите се катапултираа

Во јужниот руски регион Краснодар се урна авион за обука Л-39, а двајцата пилоти се катапултираа, соопшти регионалната Служба за вонредни ситуации.

Во несреќата нема повредени лица.

Според руските медиуми во леталото биле само двајцата пилоти кои се катапултирале.