Во РЕК Битола пронајдена артилериска граната од Првата светска војна

Во РЕК Битола, на кота 58 вчера била пронајдена артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Според полицијата, вчера напладне телефонски во Полициското одделение Новаци, Н.Р. (35), одговорен на обезбедувањето во РЕК-Битола, пријавил дека истиот ден околу 12:00 часот во РЕК-Битола-Термо, на кота 58 била пронајдена експлозивна направа-артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка, се посочува во соопштението од МВР.