Во РЕК Битола немало експлозија, туку краток спој во Блок 2

Во РЕК Битола денеска во 15 и 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија.

– Денеска, околу 15:20 часот дојде до „куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 на РЕК Битола. Како последица на оштетувањето на осигурачите на командниот напон, Блок 2 на РЕК Битола испадна од мрежата на електроенегетскиот систем, наведуваат во соопштението.

Од компанијата додаваат дека санацијата на оштетените делови е во тек и Блок 2 на РЕК Битола ќе биде повторно ставен во функција уште во текот на вечерва.