Во пожар загина 82-годишна жена

Осумдесет и двегодишна жена загина во пожар што избувна во неделата околу 20 часот на улицата „Митко Цветановски“ во Прилеп. Според полицијата, М.К. (82) најверојатно починала од задушување со чад. Пожарот набргу бил изгаснат, но за животот на старицата немало спас. Извршен е увид и се истражуваат причините за несреќата.