Во ОН почна кампања за Меѓународна конвенција за безбедност на новинарите

САД– Меѓународната новинарска федерација (IFJ) почна во ОН кампања за сензибилизација за потребата од донесување „Меѓународна конвенција за безбедноста и независноста на новинари и други вработени во медиуми“, со желба да се стави крај на „неказнувањето напади врз новинари“.

– На првата седница учествуваа 15-на држави меѓу кои Русија, Пакистан, Перу, Италија и Тунис, нагласи шефот на ИФЈ Ентони Беланжер.

ИФЈ застапува 600.000 новинари од 134 држави.

Главен повод за кампањата која одамна е планирана е случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги  кој на 2 октомври беше убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул.

– Идната конвенција треба да обедини постоечки, но и расфрлани меѓународни документи и да ги дополни, изјави Беланжер.