Уапсено момче што навредувало гласачи и нападнало полицајци во Ново Лисиче

Од МВР информираа за инцидентот што се случи на гласачко место во Ново Лисиче. Како што велат од полицијата, 22-годишно момче било приведено затоа што ги навредувало граѓаните што излегле да гласаат, а потоа и ги нападнало полицајците што дошле да интервенираат.

– На гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, машко лице го нарушило јавниот ред и мир со тоа што навредувало граѓани и физички нападнало полициски службеници. Лицето е приведено во ПС Аеродром и утврдено е дека се работи за К.Ж.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – велат од МВР