Во Мадрид седум илјади луѓе учествуваа во трка на Дедо Мразовци


Учесниците на настанот во празнични костими трчаа низ центарот на шпанската престолнина. Околу седум илјади луѓе денеска учествуваа во трката на Дедо Мразовци на улиците на Мадрид, соопштија организаторите на акцијата на Фејсбук.

Како што велат организаторите, учесниците на настанот трчале во костими на Дедо Мраз и божиќни џуџиња во центарот на главниот град на Шпанија, од плоштадот Мурило во близина на музејот Прадо до споменикот на Емилио Кастелар и назад.

Трката се одржува по шести пат, а дел од парите собрани од минатиот настан ќе бидат дадени во Фондот за борба против рак.