Во Лондон се отвора Центар за зависност од видео игри

Во Лондон се отвора Центар за зависници од видео игри, и тоа само по неколку недели откако Светската здравствена организација (СЗО) ја призна оваа зависност како ментална болест.

Според директорот на Одделението за ментално здравје при СЗО, ова нарушување мора да се класифицира како ново заболување, на основа на научни докази, и на основа на тоа дека лекари од многу делови на светот укажуваат на потребата нарушувањето соодветно да се лекува. Образложението е дека станува збор за вид коцка, со тоа што коцкарите употребуваат пари, а зависниците од видеоигри – поени.

Подоцна, активноста на центарот ќе биде проширена и на лечење зависници од други содржини на интернет, како на пример порнографијата.

Целиот проект ќе биде финансиран од националната здравствена служба, како и од различни донатори и организации.