Во Крива Паланка гласале четворица затвореници и 85 изнемоштени и болни

Во Крива Паланка своето избирачко право за референдумот го оставриле вкупно 85 изнемоштени и болни лица од општината, како и четворица затворенци.

„Од вкупно пријавените 98 болни и изнемоштени лица од општината денеска гласаа 85 лица, а пак од петмината кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом во Крива Паланка, на избирачкото место 0942 во СОУ„Ѓорче Петров“ гласале четири лица. Избирачкто место беше затворено во 19 часот, а изборниот материјал е доставен до Државна изборна комисија, информира Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.

Тој рече дека утре на референдумот на вкупно 47 избирачки места ќе можат да гласаат 16.995 лица.

Во избирачкиoт список на Крива Паланка се регистрирани вкупно 17.006 гласачи,  од кои 11 се лица од Крива Паланка кои издржуваат затворска казна.