Во Италија сигурни: Анчелоти нов тренер на Наполи

Карло Анчелоти веќе се договорил со раководството на Наполи, напиша „Кориере Дело Спорт“. Маурицио Сари, сегашниот тренер на клубот, најверојатно ќе замине поради недоразбирање со претседателот. Дополнително, Наполи ќе добие 8 милиони евра за него ако друг клуб одлучи да ги плати до крајот на месецот.
Во последните денови се зборуваше дека Анчелоти ќе биде заменик на Сари, а шефот на Наполи – Аурелио Де Лаурентис го искористел последниот меч на Андреа Пирло, за да ја договори зделката.
– Се уште не можам да поверувам, но, според моите извори, Анчелоти ќе биде тренер на Наполи. И тие никогаш не ме излажале, изјави новинарот Иван Џазирони.
Според него, Де Лаурентис не разговарал со ниту еден друг тренер и сака да го доведе поранешниот тренер на Милан, Челзи, реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен на „Сан Паоло“.