Во Иран се запали авион при слетување, сите патници евакуирани

Патнички авион се запали при слетување на аеродромот Мехрабад во Техеран, а сите сто патници се евакуирани и никој не е повреден, соопшти директорот на иранската агенција за вонредни ситуации Пир-Хосеин Коливанд.

Тој информира дека огнот избувнал затоа што тркалата за слетување на авионот не се отвориле доволно и оти брзо бил ставен под контрола.

Авионот од типот Фокер 100 и припаѓал на компанијата Иран Ер.