(ВО ЖИВО) ТВ дуел за првпат по 11 години: Заев и Мицкоски се соочија на МТВ

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва се соочуваат на ТВ дуел во МРТВ.

Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната редакција на МТВ, ќе биде домаќин и водител на ТВ дуелот, а според него, соговорниците ќе ги спротивстават своите погледи и ставови за повеќе актуелни теми – од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите…..

Работниот наслов на ТВ дуелот е „една година власт, една година опозиција“