Во драматичен финиш, Вардар со пресврт до триумф кај Кил

Вардар со звукот на сирената успеа да победи со 28:29 на гостувањето кај Кил во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

По изедначениот старт на натпреварот, Вардар благодарение на одбраните на Арпад Штербик направи предност од 4:7. Во останатиот дел од првото полувреме „црвено-црните“ одржуваа минимална предност, иако во два наврати Кил изедначи.

На паузата Вардар замина со минимална предност од 11:13.

Избраниците на Раул Гонзалез добро го започнаа вториот дел и поведоа со 14:17. Но благодарение на шесте интервенции на голманот Никлас Ландин во 40 минута Кил стигна до израмнување од 18:18.

Потоа домаќините направија серија и стигнаа до 20:23 во 48 минута, но не успеаа да ја сочуваат предноста до крајот на натпреварот.

Дибиров на 28 секунди пред крај изедначи на 28:28, а Македа во последните секунди му донесе триумф на Врадар.

Реванш натпреварот, по кој ќе биде познат патникот на Ф4 турнирот во Келн, ќе се одигра на 29 април во Скопје.