Во Германија уапсен менаџер од Порше

Германската полиција го уапси шефот на одделот за развојот на мотори во „Порше” и тој се наоѓа во притвор. Тој е приведен бидејќи постоело сомнение дека може да побегне од земјата, јавија германските медиуми.

Портпаролот на Порше одби да даде коментар.

Германскиот дневен весник „Билд ем Зонтаг“ претходно објави интерна порака од извршниот директор на Порше Оливер Блум, во која се наведува дека е уапсен еден менаџер.

Германски обвинители спроведуваат истрага заради сомневања за измама и лажно рекламирање, а во врска со манипулациите со емисиите на издувни гасови од дизел моторите. Обвинителите пред два дена посочија дека истрагата се однесува на член на одборот на Порше, друг член на нејзиното раководство и трето лице кое повеќе не е вработено во Порше.